• pic 2
  • pic 2
  • pic 2
  • pic 3

Уживањето сега има ново име.

За Хотел Гогов

heading-pic

Хотел Гогов e првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, градот во северо-источниот дел на Малешевската котлина, во близина на границата со Република Бугарија.

Со расположлива површина од 1.000 метри квадратни, Хотел Гогов располага со капацитети за сместување до 50 гости, во различен тип соби и апартмани.

Покрај вообичаените содржини ресторан со бар, летна тераса и опремена конференциска сала погодна за семинарски туризам, Хотел Гогов располага и со дополнителни содржини и активности на услуга на гостите.

Во склоп на самиот хотел се и СПА центарот со насекаде ценета и барана финска сауна, традиционалната турска парна бања, а за што поголемо уживање и препуштање на хедонистичките задоволства релаксацијата може да продолжи во некоја од салите за масажа или џакузи.

Додека пак за оние поенергичните гости и љубители на активниот живот, Хотел Гогов располага и со комплетно опремен фитнес центар.

Хотел Гогов за своите гости обезбедува туристички водичи за рекреативните прошетки низ малешевските шуми, или па за тури до седумте водопади на реката Брегалница, многубројните археолошки локалитети, туристичката населба Равна Река и друг тип факултативни и излетнички активности.

АВАНТУРИСТИЧКИ ПАРК ПАНОРАМА ПЕХЧЕВО / АДРЕНАЛИНСКА ПАТЕКА И ZIPLINE

Сите љубители на екстремни и адреналински спортови, сега на новоизградената парк патека во Пехчево ќе можат да ги испробаат своите вештини во јазење и прескокнување височина од 4 до 6 метри, меѓу високите стебла на неверојатната борова шума.

Ваквата патека, освен што бара психичка и физичка подготвеност, во исто време е и адреналински предизвик за љубителите на екстремни спортови, па поради тоа наречена е и уште адреналинска патека.
zipline

Патеката е во должина од 600 метри и е поделена на два дела

Адреналинска патека од 360 метри

Zip-линија со должина од 240 метри

Адреналинска патека

Ziplining

Паркот пак, е составен од три дела; адреналинска патека која има 36 рампи од кои 24 се само за возрасни и 12 каде на возрасните им се приклучуваат и децата, zip-линија за возрасни и за деца и дел кој е наменет за најмалите, за да може целото семејство да помине дел од денот за одмор.
За сите посетители на паркот на располагање се стручни инструктори / водичи и тренери кои овозможуваат обука за посетителите или пак помош при надминување на препреките и безбедно спуштање на земја. Доколку корисниците на паркот се придржуваат кон упатствата на одговорните лица и ја носат потребната опрема, загарантирана е 100 процентна безбедност на сите кои би сакале да ја изодат патеката на височина од 4 до 6 метри.