Хотел Гогов

Занимливости

Инсектојадно растение Drosera Rotundifolia

Инсектојадното растение Drosera rotundifolia (округлолисна муволовка) се наоѓа на локалитетот Јудови ливади, на само 3,5 километри од Пехчево, на надморска височина од околу 1200м и претставува ендемски вид, затоа што го нема на друго место на Балканот, а застапено е само на неколку места во светот. Се карактеризира со зелени листови и црвен цвет, со кој ги привлекува инсектите и го цица нивниот сок, а потоа лушпата ја исфрла надвор. До ова растение може да се стигне со теренско возило, велосипед за планински велосипедизам или со пешачење преку две патеки:

·       Велосипедската патека која води од градот Пехчево до инсектојадното растение и која е обележана со табли;

·       Патеката на Петко и шумските жители – пехчевска авантура, која води од селото Негрево до инсектојадното растение, патека која е обележана со едукативно – информативни табли.