Хотел Гогов

Спорт и рекреација

Спортски комплекс

Спортскиот комплекс во Пехчево располага со терени погодни за фудбал, кошарка и ракомет, како и навивачки трибини со капацитет за 1.000 лица. Во склоп со спортскиот комплекс се достапни и спортски гардероби опремени согласно потребните стандарди. Спортската сала, како дел од спортскиот комплекс во Пехчево е опремена со уреди за ладење и греење, што ја прави соодветна за подготвителни спортски тренинзи во сите годишни периоди.